За да сме среќни, треба да бидеме егоисти

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Многу често се сретнуваме со мислењето дека е себично да се поставиме себеси на прво место. И кога се грижиме за самите нас, се претпоставува дека ги игнорираме другите.

Тешко е да се поставиме најнапред во листата со приоритети, кога има толку други работи кои ни одземаат од времето. Има начин да се најде време и за себе и затоа од корист е да си изградиме некои ситни, но многу важни навики.

Да ги создадеме своите мали ритуали

Без разлика дали наутро сакаме да трчаме, да правиме јога или да уживаме подолго на кафето, ова е нешто што задолжително треба да го впишеме во нашиот распоред и да го претвориме во навика.

Дури и да не е секој ден, тоа е начин да се разгалиме и да посветуваме внимание на она што го сакаме, и самите себе.

Да знаеме да кажеме “не”

Многумина имаат проблем да одбијат, но на тој начин се ставаат себеси во позадина, за да задоволат нечии други желби и потреби.

За да го преместиме фокусот кон себе, важно е понекогаш да кажуваме и “не”. Тоа значи да се откажеме од пријатели кои нè молат да излеземе кога сакаме да одиме до салата. Или на партнерот, кој / која сака да одиме на кино, кога се чувствуваме ужасно уморни и единственото нешто што сакаме е да си легнеме и да се наспиеме.

Да опстојуваме позиција

Да го заштитиме личното време секогаш е лесна задача – од газдата, пријателите или дури партнерот.

Постојат моменти кога без разлика што правиме, нашето “не” останува нечуено. Но ние заслужуваме и треба да ги задоволите и своите потреби.

И иако понекогаш е полесно да се жртвуваме за да ја избегнеме непотребната драма, важно е да ги следиме за случаите кога правиме нешто што навистина не би сакале, и да се стремиме да ги ограничуваме.