100
Никола Аризановски и Филип Накевски кои се обвинети за учество во толпа и демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов денеска беа изведени пред Кривичниот суд.
Беше презентирано вештачењето за штетата од демолирањето од страна на Бирото за судско вештачење , која изнесува 522.080 денари.
Судијата го одложи судењето за 20 мај, видејќи адвокатите на обвинетите треба да го разгледаат овој извештај
Здравко Савевски- претседателот на Левица, , кој се наоѓа во куќен притвор, е присутен на увид во судот на видео-доказите на ОЈО.
Од Левица сметаат дека овие овие судски процеси имаат за цел да го демотивираат и скршат протестот.