За децата кои немаат ИТ-уреди ќе има алтернатива за следење на наставата, најави Царовска

од Берта Китинска
612 прегледи

Се е подготвено за почеток на новата учебна година која ќе започне утре, иако се очекува да се надминат предизвиците кои ќе бидат во текот на целата година, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

– Она што го утврдивме на самиот почеток и на самиот план, децата ќе имаат можност во даден распоред на три канали на МТВ да следат на својот јазик 15 минутни часови од прво до деветто одделение и тоа е важен инструмент кој се користи и во другите држави за децата кои немаат пристап. Секако и училиштата ќе треба да принтаат и материјали кои што ќе бидат доставувани до родителите за да може децата да извршуваат домашните задачи и да добиваат инструкција за работа во домашни услови.За децата кои немаат ИТ-уреди во домашни услови, а според МОН се работи за околу 40 илјади ученици, ќе има алтернатива за следење на наставата. Според владиниот план, за нив ќе се организира настава со физичко присуство во училиште, доколку тоа има дозвола, но и со согласност од родителите/старателите. Ако нема согласност од нив, ќе бидат обезбедени печатени материјали кои наставниците ќе им ги достават на родителите. За овие деца ќе се емитуваат и видеа од наставен час на Македонската радио-телевизија. И таму ќе има часови од утре согласно распоредите на училиштата и одделенијата – рече министерката.

Слични содржини