За дивата струшка депонија ќе се расправа пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур

од Vladimir Zorba
15 прегледи

За разлика од домашните судови кои се прогласија за ненадлежни, Европскиот суд за човекови права во Стразбур нѐ извести дека ја допушти апликацијата поднесена во врска со дивата струшка депонија, објавија од адвокатската канцеларија Стојкоски и Ќатоски.

Ова значи дека Стразбур ќе расправа за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга – депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и на 2 километри од Охридското Езеро – светско природно наследство, додадоа од адвокатската канцеларија.