315
За две години, 85.000 македонски граѓани емигрирале во Германија, со што Македонија изгубила 4,6 отсто од населението, покажува истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.
Според последниот попис на населението во Германија во 2022 година, во таа земја живеат 222.000 луѓе од Македонија, од кои 158.000 се родени во земјава, покажува истражувањето.
„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.