За еден ден скопјани потрошиле рекордни 356.000 кубни метри вода!

од Nikola Popovski
13 прегледи

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ минатиот месец констатирале енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови.

Според системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка на вода, било утврдено дека на 23 јуни дневната потрошувачка на вода изнесувала 356 илјади кубни метри, односно 700 литри по глава на жител.

Поради зголемената потрошувачка, од „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните совесно и рационално да се користи водата. Оттаму велат дека треба да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење на автомобили и за полнење базени.

Исто така, од претпријатието апелираат до граѓаните доколку забележат див приклучок истиот да го пријават на телефонскиот број 02 3070 010 или на имејл-адресата [email protected], како и на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk.

Со дивите приклучоци, додаваат од претпријатието, се нанесува директна штета на системот и на квалитетот на водоснабдувањето.

Слични содржини