54
Турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Џумакли изјави дека вчера во Турција имало 72 пожари, од кои 45 се под контрола, а продолжува интервенцијата на 27 пожарни места.
Џумакли изјавил дека пожарот во Измир се проширил на станбени зони и дека изгореле 17 куќи, додека 105 куќи и 44 компании морале да се евакуираат, пренесува „Хабертурк“.
Тој додаде дека пожарот во Бол е подметнат и дека поради ветерот се проширил многу брзо.
„Оние кои го подметнаа овој пожар во моментов се во притвор“, рече Џумакли.
Турското Министерство за здравство соопшти дека во пожарите досега се повредени 78 лица.
Поради високите горештини во наредните три дена Турција се соочува со висок ризик од шумски пожари, соопштија надлежните служби.