За една година бројот на патници во автобусите паднал за 6,3%, бројот на поминати километри пораснал за 19,3%

од desk2
4 прегледи Фотографија: Wikimedia Commons

Во второто тромесечје на 2025 година во патничкиот автобуски превоз се превезени 10.007.000 патници, што претставува намалување од 6,3 отсто во однос на истото тромесечје минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоците, најголем пад е регистриран кај меѓународниот превоз – 27,7%, додека во градскиот автобуски превоз бројот на патници се намалил за 10,6% проценти. Во приградскиот превоз намалувањето е 3,5%

Во меѓуградскиот автобуски превоз, бројот на патници во периодот април-јуни 2025 е за 5,2% помал во однос на истиот период во 2024 година.

Иако бројот на патници за една година се намалил, вкупниот број на патнички километри во второто тромесечје од годинава достигнал 256.889.000, што е зголемување од 19,3% во однос на истиот период лани.

Зголемување е забележано кај градскиот превоз за 35,4%, кај приградскиот за 9,1% и кај меѓународниот за 32,5% проценти. Во меѓуградскиот превоз намалување во април-јуни 2025 во одност на истиот период минатата година, е регистрирано мало намалување од 0,2%.