Последниот вооружен напад на Дигестивната клиника, не е единствен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ниту пак е само еден годинава.Зборуваме за насилно и брутално убиство.

На 9 јануари на поткровјето на Детската клиника , на истиот тој Клиничкиот центар, или како што по стао ја викаат , во „државната болница“ беше убиена медицинската сестра Дијана Здравковска.Ја уби нејзиниот 22-годишен љубовник Никола Кузмановски.
Честите посети на својата пријателка, не биле причина за сомнеж дека овој Кузмановски ќе посегне по животот на 31 годишната жена, па така без проблем секогаш влегувал во клиниката.

-Овој човек не носел ладно оружје со себе ниту пак носел нешто во себе што би алармирало, ниту пак медициската сетсра алармирала дека има нешто за што треба да реагираме. Имаме еден човек кој ја обезбедува Клиниката навечер и имаме клиничко обезбедување. Сметаме дека во иднина треба да поработиме и да ги зајакниме тие служби заради сигурност и на персоналот и на тие кои доаѓаат тука – изјави по убиството доктор Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за педијатрија. КОј знае тоа беше ветување за пред камера, намера или брз партиски одговор
Вчера повторно бруталност и насилие,само во соседната зграда , во истата државна болница.Тројца луѓе влегоа како шерифи во зградата на хирургија, го искршија инвентарот и пукаа во дежурниот лекар. Тие сами му песудија на лекарот кој не успеал да ја излечи нивната мајка.Кјј знае дали тој нешто ветувал? Кој знае зошто синот сам ја зеде правдата во свои раце? Како на див запад.Дали дека никој повеќе не верува ниту на министерот, ниту на судството , ниту на етиката во лекарите во државната ни болница. Кој знае, но очекувано одговорност за инцидентот засега не презеде никој. Веројатно на крајот ако министерот не поднесе оставка виновни ќе бидат новинарите затоа што криткуваат, или опозицијата затоа што влечела политички поени. Во државната ни болница оваа година сепак бележиме едно убиство и сега пукање во лекар или обид за убиство.