Цените на угостителските услуги во јули годинава се зголемени за 5% во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Цените во угостителството, по групи, во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, се зголемени за:
0,4 % кај Храна
1,6 % кај Алкохолни пијалаци
0,9 % кај Безалкохолни пијалаци
0,2 % кај Ноќевања
Во периодот јануари – јули во однос на истиот период лани се бележи зголемување за 5,3%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1,6%.