Власта токму во Собранието го започна погребот на Договорот од Пржино. Ова е доминантната оценка на аналитичарите со кои разговараше Дојче веле, откако вчера владејачкото мнозинство во парламентот ги констатираше оставките на социјалдемократските министри и заменици, кои беа доставени како условни, поради непостоење услови за организирање фер-избори на 5-ти јуни. Вчерашното одложување на изборите не го спречи мнозинството да ги врати на сцена своите министри, под палката на техничкиот премиер. По ваквото сценарио на коалициските партнери, функционери на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во јавни настапи го прокламираа и ставот дека „останува уште да се укине Специјалното јавно обвинителство, за да може земјата конечно да излезе од оваа криза“.
Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, кој по првата посета пред една недела денеска повторно доаѓа во Скопје, ќе биде дочекан со првиот „прогрес“ постигнат во негово отсуство: замена на техничката со старата влада. Но, изгледа дека тоа не е сѐ.
„За една недела, на премиерската функција ќе се врати и Никола Груевски“, велат извори од ВМРО-ДПМНЕ за Дојче веле.
Експлозија или терористички напад ?Нема детали за авионот кој исчезна над Медитеранот
Хаjндл, како што е соопштено „повторно ќе разговара со партиите-потписнички на Договорот од Пржино“, но според политиколозите, тој прво ќе мора да констатира колку од нив де факто се простиле од Договорот. Предвидено е специјалниот пратеник да разговора со шефот на државата, Ѓорге Иванов, и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. Теми ќе има многу, а најжешката меѓу нив и натаму е одлуката за аболиција.
Повеќе ТУКА