За една недела пријавени рекордни 9,5 милиони случаи на Ковид-19 ширум светот

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Светската здравствена организација соопшти дека минатата недела биле пријавени рекордни 9,5 милиони случаи на Ковид-19 ширум светот, истакнувајќи дека зголемувањето на неделните инфекции за 71 отсто се должи на цунамито на сојот „омикрон“.

„Минатата недела е забележан најголем број случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека СЗО е сигурна дека бројот на новозаразени е поголем бидејќи опсегот на тестирање е намален за време на празниците.

Здравствената агенција на Обединетите нации, во својот неделен извештај за пандемијата, објави дека минатата недела биле пријавени вкупно „малку помалку“ од 9,5 милиони нови инфекции и повеќе од 41.000 смртни случаи.

Слични содржини