ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје санкционираа 261 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од 17 до 23 февруари, како што соопштува ПОЦ, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 173 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 88 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во кој биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.