За фалс текстилни стоки со логоата на познати светски марки – кривична пријава за продавницата и за тетовец

од desk2
10 прегледи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Л.(55) од Тетово и правно лице од Тетово – подружница во Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

Во продажен објект во Куманово, управуван од пријавениот Ф.Л., била изложена и продавана текстилна стока со логото и изгледот на познати светски брендови, која била увезувана нелегално, преку карго испорака, без соодветна царинска пријава, без фактури и без документи за потекло.