За гладијаторските борби во Капиштец, се наплаќало присуство

од Берта Китинска
536 прегледи

По снимката која вчера беше објавени од самопрашај.мк каде се гледаа борби на деца во скопски Капиштец, од таму пишуваат дека нови видеа пристигнале во нивната редакција.

Родителите на децата кои присуствувале на борбите рекле дека за борбата се наплаќало по 20 денари за гледање, а 300 денари за снимање.

На снимката се гледа како две момчиња се тепаат, а стотина други страсно навиваат. Сцената, која наликува на бокс-меч на отворено, ја следат и возрасни луѓе кои заедно со малолетниците го чекаат исходот. Тепачката се случила минатата недела во скопски Капиштец. Очевидци велат дека оваа борба меѓу децата среде бел ден, не се случува прв пат.

МВР нема излезено со детали, а родителите на учениците во Центар велат дека училиштата биле известени од полицијата за деталите.

Денеска, министерот за образование и наука Арбер Адеми изјави дека службите во МОН ќе проверат за што точно се работи, одговарајќи на прашање дали знае за организирани борби на малолетници – ученици на отворени игралишта во центарот на Скопје. Снимки од тепачки меѓу деца, кои се опкружени од навивачи – нивни врсници, но и возрасни, се објавени и на социјалните мрежи.

Треба да провериме што е и како е, бидејќи како министер јас сум по состаноци и на настани. Ние имаме координиран пристап со сите институции, за сите предизвици со кои се соочуваме. И за овој предизвик или проблем, ако е така, ќе изреагираме ако не изреагирале веднаш моите колеги во Министерството за образование и наука, изјави Адеми.

Слични содржини