За Грција прашањето за имотите на грчкото малцинство е услов за интеграција на Албанија во ЕУ

од Nikola Popovski
65 прегледи

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека сака Грција да има добри односи со Албанија, но го истакна имотното прашање, наведувајќи дека почитувањето на имотните права ќе биде услов за интеграција на Албанија во ЕУ, пренесува Газета експрес.

„Сакаме да имаме најдобри можни односи со нашите соседи , меѓу кои и со Албанија. Поминавме низ тежок период, но задоволни сме што Фреди Белери е со нас во Солун“, изјавил Мистотакис пред новинарите по отворањето на 88. Меѓународен саем во Солун.

Тој додал дека „односите меѓу Грција и Албанија минуваат низ почитување на грчкото малцинство и почитување на имотните права на сонародниците“.

„Тоа е исто така неопходен услов за продолжување на европската перспектива на Албанија“, заклучил Мицотакис.

Слични содржини