Социјалните мрежи ја олеснија комуникацијата со поранешниот партнер, но тоа може да биде „зезнато“. Шпионирањето на неговиот профил, допишувањето или состанок може лесно да ве натера да се сомневате во вашата одлука да раскинете.
Затоа, пред да се вклучите во такво нешто, разјаснете со себе каква врска сакате, советуваат брачните терапевти.
Пријателството со бившиот има позитивни и негативни страни, па затоа најдобро е да одлучите што е поважно во вашиот живот и без што можете да живеете. Исто така, треба да земете во предвид како завршила врската и дали воопшто вреди да спасувате нешто или дали е време за нов почеток, пишува Glamour.
Позитивни страни
* Кога ќе ја подигнете веѓата, тој точно знае дека досадните приказни на вашиот сосед ви ги „тенчат“ нервите. Знае и да ве расположи по лошиот ден во канцеларија – поради нашите години заедно, бившиот може најдобро да ве разбере. Ова е особено корисно во тешки ситуации.
* Покрај тоа што е поддршка, поранешниот партнер открива и машка перспектива. Тој може да ви помогне да видите одредени ситуации од поинаков агол, да најдете што ви одговара. Понекогаш е тешко да се види ова, особено ако западнете во рутина.
* Ако работите заедно, тогаш да се биде пријател со вашиот поранешен е добра работа. Не сакате љубовниот живот да ви стане главна тема на разговор, а ни колегите не треба да ги слушаат секојдневните препукувања и досадувања.
Негативни страни
* Ако не можете ни кафе да испиете со поранешниот партнер без тој постојано да изнесува стари расправии, можеби врската не вреди да се спаси. Ваквите пријателства предизвикуваат повеќе нервоза отколку задоволство.
* Љубомората е главниот виновник зошто пријателството со бившиот обично не функционира, особено ако едната страна веќе нашла нова љубов. Ова е особено тешко ако другата страна е сè уште соло. Освен тоа, овој тип на врска би можел да ја наруши и новата љубов на бившиот партнер.
* Здравата врска се заснова на меѓусебно почитување. Но, ако го нема во врската, тешко дека ќе го има во платонско пријателство.
* Постојано вели дека сака да бидете пријатели, но сепак потајно се надева дека ќе се смирите? Ако е така, пријателството не може да трае. Се заснова на лаги и може да ве спречи да пронајдете нова љубов. Таквата врска претставува тежок емоционален товар.