За информатика не треба да има учебник, а за географија имаме вишок испечатено, рече Јаневска

од Nikola Popovski
93 прегледи

Состојбата со учебниците е одлична. Директорите и наставниците се должни. Ние сме објавиле за кои предмети треба и не треба. За изборните предмети, деловите од новата концепција кои ние како нова Влада ги прифаќаме, вели дека не треба да има учебници, туку учениците преку интерактивна работа меѓусебе и со наставниците ќе ги стекнуваат знаењата. За информатика како изборен предмет не треба да има, кажа денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска за снабдувањето со учебниците во основните и средните училишта.

За предметот географија по 6-то одделение, Јаневска вели дека има и вишок испечатено. Ако директорот не порачал учебници, прашањето треба нему да му го поставите, додаде министерката.

-Ако директорите не си ја завршиле работата, не е одговорност на министерството. Ќе направиме посебни напори од тие вишок на книги, по процедура. Ќе им биде нагласено дека згрешиле, децидна е Јаневска.

Околу цената за работните тетратки по 5-то одделение која е околу 1500 денари, Јаневска вели дека Владата е само два месеци на власт и се што можеше да се направи, веќе се направи.

-Се е предвидено со Буџетот за следната година. Сите олеснувања за учениците и родителите се во правец да му помогнеме на целото население, рече министерката, одговарајќи на новинарски прашања.

 

Слични содржини