За Израел нема откажување: Го зголеми воениот буџет за 10,7 милијарди евра

Во меѓувреме, според ОН, загинале најмалку 50.000 цивили во Појасот Газа.

од desk2
32 прегледи

Израел ќе ги зголеми своите трошоци за одбраната за 42 милијарди шекели (10,7 милијарди евра) за 2025 и 2026, најавија израелските министерства за финансии и за одбрана, образложувајќи го потегот со безбедносните ризици.

Министерот за финансии Безалел Смотрих е од редовите на крајната десница. Тој вели дека новиот одбранбен буџет „во целост ги покрива интензивните борби во Газа, како и масовните безбедносни подготовки за сите закани – од југ, север и од поодалечените региони“.

Израелските воени расходи пораснаа откако ја почна жестоката офанзива против Појасот Газа, правдајќи се со воена операција против милитантите на Хамас што на 7 октомври 2023 одвлекоа најамалку 250 живи заложници од Израел, а убија најмалку 1.200 Израелци со ракетни напади и директни тероритички упади.

Во меѓувреме, според ОН, загинале најмалку 50.000 цивили во Појасот Газа.