За извештајот за АКМИС-от се чека на безбедносните сертификати

од desk2
74 прегледи

Извештајот на работната група на Министерството за правда за злоупотребите со електронскиот систем за распределба на предмети во судовите, познат како АКМИС, ќе биде ставен на дневен ред на седница на Судскиот совет откако сите членови на Советот ќе добијат добијат безбедносни сертификати за да направат увид во материјалот.

Ова го изјави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски денеска одговарајќи на новинарско прашање по јавниот дел на седницата на Советот.

– Извештајот е обележан како строго доверлив материјал. Во фаза на добивање безбедносен сертификат се членовите кои го немаат. Во моментов безбедносен сертификат имаат шест членови од Судскиот совет. Не ми се јасни причините зошто е така класифициран тој материјал. Ништо помпезно, ништо страшно, како што јавуваат медиумите нема во тој извештај – рече Караџовски.

Најави дека дополнително ќе информира во врска со предметите за кои се шпекулира дека се заведени на некаков криминален начин.

Првиот човек на СС не одговори како ја коментира предистрагата на Јавното обвинителството за извештајот на работната група за АКМИС-от.

На почетокот на денешната седница на СС, членот на Советот Владо Богдановски побара под точка разно да се дискутира за дебатни телевизиски емисии и за новинарски написи во врска со работата на Советот.

– За мене е болно кога некој на телевизиска дебата не нарекува џелати и криминалци во правосудството. Особено некои адвокати и екперти што употребуваат имиња кои не доликуваат – рече Богдановски.