По видео-снимката, која повеќе студенти ја објавија и на која се покажува како глувци се движат по таванот на тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека „сите знаат каква беше состојбата во Скопје“ и не се појавиле глувци само во студентските домови, туку и на други места.
-Со оглед на тоа што се случуваше, не можам да речам дека е добро, но и очекувано е. Веднаш после тоа, направена е дератизација и се надевам дека директорот заедно со Градот ќе преземат уште нешто бидејќи контејнерите каде што се одлага сметот се во близина на студентскиот дом. Таму и други граѓани од околните згради одлагаат смет. Се надевам дека проблемот веќе е надминат, рече денеска Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања.
Дел од медиумите објавија дека според станарите во „Пелагонија“, проблемот бил пријавен уште претходно, но наместо интервенција, добиле циничен одговор и отров кој самите студенти требало да го постават за да ги истребат глодарите.
Подобрување на состојбата со студентските домови во државата е оставена на чекање, а се доцни и со реконструкција и реновирање на студентските домови „Стив Наумов“ како и „Кузман Јосифовски-Питу“.
View this post on Instagram