За јавната администрација нема да има мартовска плата помала од загарантираната минимална

од Берта Китинска
653 прегледи

Ние сме во постојана комуникација со синдикатите. Законот кој треба да ја усогласи минималната плата веќе е во Парламент и според наши информации на 5 април треба да се гласа, вели министерот за информатичко општество и јавна администрација Адмирим Алити кој напомена дека до 15 април сите вработени во јавната администрација ќе добијат минимум 18.000 денари плата и оти никој нема да има плата под таа сума.

– Ние сме во постојана комуникација со синдикатите. Законот кој треба да ја усогласи минималната плата веќе е во Парламент и според наши информации на 5 април треба да се гласа. Тоа го решава проблемот со минималната плата. Во однос на другите барања на синдикатите за покачување на платите на другите нивоа, ние како Влада и како МИОА, ја продолжуваме комуникацијата со нив и сме подготвени да го направиме тоа, меѓутоа, на најдобар начин и во најдобар тајминг за Владата и за државата, рече на денешната прес-конференција Алити.

Слични содржини