За кого недела ќе биде неработен ден?

од Берта Китинска
428 прегледи

Законското решение за недела неработен ден не треба да важи за некои дејности, како што се трговските и туристичките центри, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

„Имајќи го предвид трендот на изградба на трговски центри, инвестициите кои се прават во таа дејност и приливот на странски туристи во викендите во нашата држава, а посебно од соседните држави, мислам дека многу внимателно треба се разгледа ова прашање и трговските центри да работат и во недела“,рече Бектеши.

Од владата информираа дека одредени работодавачи/правни субјекти ќе можеат да работат но само во определени дејности и тоа само оние работодавачи кои ќе можат да покажат дека технолошко-производствените процеси не смеат да се прекинат (значи не сите работодавачи во тие определени дејности!).

-Останатите работодавачи (и тие работодавачи чии технолошко-производствени процеси смеат да се прекинат во наведените дејности а и сите работодавачи во дејностите кои не се наведени во исклучоците) нема да смеат да работат.

Во случај да го прекршат законот и да работат во недела, тогаш ќе следи соодветна ригорозна казнена мерка.

За работниците во дејностите кои ќе спаднат под исклучоците, работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор.

„Недела неработен ден“ како дел од програмата на оваа Влада е приоритет и дел од политиките кои ќе доведат до зголемена социјална рамноправност и заштита на работничките права, соопштија од Влада.

Слични содржини