Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот. Во својот 96-годишен живот, кралицата речиси никогаш не го кажала своето мислење, па фудбалскиот клуб за кој навивала се чувал во тајност. Членот на Лабуристичката партија Џереми Корбин во една прилика изјави дека кралицата Елизабета е голем фан на Арсенал, што значи дека била „топџија“ во приватниот живот.
Елизабета Втора требаше да го отвори стадионот Емирати на Арсенал во 2006 година, но поради повреда на грбот се откажа. Подоцна, таа го прими целиот тим на Арсенал во Бакингемската палата.
„Изгледа дека кралицата е голем љубител на фудбалот и ни кажа дека навива за Арсенал. Се чинеше дека веднаш знаеше кој сум јас и разменивме неколку посебни зборови“, изјави тогашниот фудбалер и капитен на Арсенал, Сеск Фабрегас за таа средба.
Но, прашањето е колку е точно. Британски „Дејли Мејл“, кој порано беше весник многу близок до кралското семејство, уште во 60-тите објави дека кралицата е навивачка на Вест Хем. Тоа тврдење никогаш не било потврдено или демантирано.