Се финишира листа со имиња на лица кои досега користеле обезбедување и возила од МВР надвор од законските овластувања. Меѓу нив се и актуелни и поранешни политичари, естрадни уметници и новинари брифираат извори за 24 Вести.
Откако министерот Оливер Спасовски издаде наредба со која се стопираат привилегиите, сега се подготвува детален извештај за тоа кој се користел полициско обезбедување и возило спротивно на законските одредби, по што списокот ќе биде презентиран во јавноста.
Утре се одлучува дали ќе има судење за Диво Насеље
Спасовски од собраниска говорница претходно го посочи како пример генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев кој, како што рече, за партиски цели користел ресурси на МВР.
За злоупотребата на ресурси на МВР за лични и партиски цели се зборуваше и во т.н бомби на опозицијата.
Извор:24 Вести
