За Латас мнозинството на народот во Македонија се за „клиничко испитување“?!?

од Vladimir Zorba
450 прегледи

Поранешниот главен пропагандист на екс премиерот и бегалец Никола Груевски, Драган Павловиќ Латас, вечерва излезе со тешки квалификации кон мнозинството граѓани во Македонија. За време на неговото гостување на ТВ Алфа во емисијата „Што не е јасно“, тој упати тешка навреда кон мнозинството Македонци и ги направи ненормални.

„Зошто луѓето и понатаму веруваат дека ова Влада може да направи нешто, а не може некоја друга, е работа за „клиничко испитување“, јас тука немам занает, немам струка“, рече Латас во емисијата.

Веројатно Латас заборавил дека народот не е ненормален, затоа што тој и неговите газди налогодавци не се веќе на власт. Латас не го гледаме веќе ни на екран, освен кога ќе го викнат на телевизијата на која тече унгарско маслиново масло, да испрати некоја порака од шефовите.

А што се однесува до неговиот занает и струка, од бомбите што ги објави Заев, во разговор со поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков дознавме дека прави „куртон вести“, а во друго гостување на телевизијата што ја уредуваше сам, призна дека е „скапа проститука“.

Па отткука може да се постави прашањето – кој е тука за испитување?

Слични содржини