Њујорк Тајмс – Њујорк
Додека светот се обидуваше да ја проголта веста за изборната победа на Доналд Трамп, лидерот на француската екстремна десница, Марин Ле Пен, стана рано и веќе почна да коментира на Твитер.
Дури и пред новоизбраниот американски претседател да го одржи првиот победнички говор, таа избрза да му честита нему и на „слободниот американски народ“. Ова и не беше баш изненадувачко, затоа што г-ѓица Ле Пен, лидер на Националниот фронт, се надева да стане следниот француски претседател.

Еден ден по изборите во САД ја гледавме како дава изјави за мејнстрим телевизиските вести каде таа и не е толку редовен гостин. Повеќето новинари имаал малку симпатии за неа, исто како и таа за нив и таа е надвор од очите на јавноста веќе десет месеци и работи упорно за да изгради изборна стратегија.
Во периодот меѓу регионалните избори во Франција минатиот декември, кога нејзината партија освои 27 проценти од народните гласови, но не успеа да освои целосна контрола во ниту еден регион, и претседателските избори следната пролет, таа си постави само една цел: да изгради доволно почит за да го измести т.н. републикански фронт преку кој мејнстрим партиите се обединуваат во вториот круг на француските избори да го спречат Националниот фронт да победи.
Четириесет и осумгодишната Ле Пен стрпливо работеше да ја трансформира нејзината партија од маргинално екстремистичко движење во организација способна да ја освои и практикува власта. Сега и остана да ја елиминира фрустрацијата меѓу француските граѓани, кое веќе ја исфрли на врвот во анкетите на јавното мислење. веќе пред првиот круг од претседателските избори на 23 април, во сила доволно моќна да ја урне бариерата на конвенционалната политика и да ја одведе до победа во вториот круг, закажан за 7 мај.
Таа е поттикната од вознемиреноста која ја направи Трамп за Хилари Клинтон, за што таа смета дека значајно ги зголемува нејзините шанси да го постигне токму тоа. Она што го направи штотуку избраниот американски претседател, рече таа за француската државна телевизија, беше да „докаже дека она што се сметаше за невозможно може да стане можно“.
Сега таа уверено вели дека верува оти истото може и тука да се случи – дека Франција во 2017 ќе создаде трета фаза од глобалното политичко востание, кое почна со Брегзитот и се забревта со победата на Трамп.
Таа не е единствената која верува во ова. Поранешниот премиер Жан-Пјер Рафарин, почитуван сенатор од десниот центар, смета дека веста која стигна до Франција од американските избори е следнава: „Марин Ле Пен може да победи“. Исто како и кандидатурата на Трамп, а да не зборуваме за победата, беше незамисливо пред една година, па повеќето француски експерти ја отфрлија можноста еден екстремно десен лидер да победи и влезе во Елисејската палата во 2017 година.
Брегзит и Трамп го сменија тоа. – Ова е изборот на народот, поентираше Ле Пен. – Ако народот донесе толку силни изненадувања на елитите, тоа е затоа што елитите се исклучени, рече таа.
– Не извлекувате правилни лекции, му рече на на новинарот кој ја интервјуираше и кој се обиде да ја натера да го осуди сексизмот на Трамп. – Ова прашање не е баш од никакво значење во споредба со оваа гигантска промена, нагласи таа
Ле Пен оди по дефинирана линија. Таа не сака да биде Доналд Трамп. Таа е свесна за неговиот успех. Таа сака да ги избегне обвинувањата за расизам и сексизам: тој имиџ и припаѓа на нејзинниот татко антисемитист Жан-Мари Ле Пен, која таа успеа да го истера од партијата минатата година, која тој ја основаше. Сетете се. Таа сака да биде почитувана.
Деновиве таа изгледа како да е маѓепсана од телевизиите, веќе не покажува гнев кон новинарите, ја спомнуваат и во „Њујорк Тајмс“ и дава интервјуа за „Форин Аферс“. Таа искажува почит за улогата која ја играше сенаторот Берни Сандерс во американската кампања. Трамп не е она што толку ја интересира; тоа е динамиката која го исфрли кон Белата куќа, начинот на кој тој го пресретна и усмери јавниот гнев во изборната машина.
Овој гнев, чувствува таа, ја има истата основаност и во Франција како и во САД и Велика Британија, со „дивата глобализација“ и отворените граници, вели таа, луѓето си ги сакаат сопствените држави назад. Тие сакаат „да ја повратат контролата врз сопствената судбина“, од арогантните елити кои „го презираат народот“.
Нејзините поддржувачи се обично работниците кои ги напуштиле левите и социјалдемократските партии, но таа исто успева и во светот на државните службеници. Сепак, постојат извесни разлики кои го прават нејзиниот случај уште поцврст: големото ниво на невработеност во Франција (9,6 проценти) и непобитната европска мигранстака криза кои го разгорија незадоволството во Франција.
Но, кандидатурата на Трамп беше поддржана од голема политичка партија, додека традиционалните партии во Франција се уште го гледаат Националниот фронт како аусајдер.
Дали ќе успее Ле Пен искористувајќи ја тактиката на Трамп, не е извесно. Но, по американската победа, француската политика нема да биде онаа истата. – Не доаѓа крај на светот, ова е крајот на светот, мудруваше Ле Пен.
Француските медиуми внимателно следат како беа погребани нивните американски колеги кои беа сигурни во победата на Хилари Клинтон, наместо Трамп; време е за преиспитување и од дригата страна на Атлантикот. Политичарите добиваат панични напади онакак како што се поместуваат политичките дебати од левичарските идеологшки разлики кон сосема спротивни погледи во врска со глобализацијата или естаблиштментот.
Во интервју за „Монд“, поранешниот министер за надворешни работи, Ибер Ведрин, долгогодишен близок соработник на претседателот Франсоа Митеран зборуваше за „доба на изборни непомирувања“. Се додека француската елита „конечно не ги слушне социјалните вознемирувања и не ја сфати приврзеноста на луѓето за безбедноста, идентитетот и сувереноста“, рече тој, непомирувањето ќе ја зафати и Франција.
Историчарот Пјер Розанвалон жали што „многу вистински демократи го мразат популизмот, но не успеваат да ги разберат неговите длабоки корења“. Не е доволно да се протестира против последиците од популизмот, смета тој; потребна е и самокртичност.
А Клинтон, забележува тој, не беше баш посебно добра во самокритичноста.