За малку избегната трагедија во Хрватска: Играч удри со глава во бетонски ѕид (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Драматична сцена се случи на натпревар од пониската лига во Хрватска кога еден играч за малку ќе доживееше трагедија.

Имено, на натпреварот помеѓу Неретванац и Јунак беше повреден фудбалерот Филип Панџа.

Во 65-та минута од натпреварот при борбата за топката Панџа падна и со главата удри во бетонскиот ѕид.

Сите во еден миг се фатија за глава, некои играчи шокирано почнаа да се прекрстуваат и веднаш дотрчаа до повредениот фудбалер кој бараше помош.

Прекинот траеше десет минути, а за среќа заврши без трагични последици.

„Без разлика на денешниот натпревар, уште на почетокот на нашата репортажа, сакаме да ги информираме сите наши навивачи дека Таслак и Панџа, нашите двајца играчи кои денеска завршија во брза помош, се добро и тоа е најважно“, соопштија од ФК Неретванац на својата Фејсбук страница.

Слични содржини