Со месеци цела Јужна Америка зборува за вирусот Зика. Се претпоставува дека само во Бразил заразени се околу милион. Колку опасен е овој вирус? Кои се симптомите на болеста? И колку се заразени со Зика во Европа?- анализира DW.
Луѓето кои по веста за ширењето на вирусот Зика, можеби остануваат со впечаток дека тој едвај не спаѓа во листата со најопасните вируси од родот на Ебола или дури СИДА. Причината за ова лежи во недостатокот на информации.
За првпат вирусот Зика е констатиран во 1947 година во Уганда. Во 1952 година е констатиран и во Танзанија. Досега, сепак тој речиси не бил испитуван. Нема вакцина која штити од Зика, а актуелното ширење започна во 2015 година во Бразил. Во 2013 и 2014 сепак на територијата на Француска Полинезија исто имало бран од зарази со Зика. Вирусот се пренесува од ист вид комарци кои ги пренесуваат и предизвикувачите и на други заболувања како жолта треска и Денг. Некои експерти претпоставуваат дека Зика е пренесен во Бразил од туристи за време на Светското првенство во фудбал во 2014.
Freedom House: Се помалку слобода и во САД
Експертите предупредуваат да не се паничи. “Не може да станува збор за апсолутно никаква споредба меѓу вирусот Зика и СИДА или Ебола. Ако некој одлучи да зборува за слични споредби, тогаш луѓето ќе помислат што ли не и можат да стигнат до опасни заклучоци како оние имено дека Зика е новиот вирус убиец “, вели вирусологот Јонас Шмит-Ханазит од Институтот за тропска медицина” Бернард Нохт “.
Во Европа заразените се бројат на прсти
Здравите возрасни луѓе не треба да се плашат од Зика. Вирусот е опасен само за бремените жени. Најчестите симптоми на болеста се треска, осип, болки во мускулите и зглобовите, замор и главоболка. “Болеста поминува релативно меко. Тешките зслучаи на зараза со Зика кои бараат болничко лекување, се реткост. А до смртни случаи се стигнува уште поретко”, пишува на сајтот американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Спореден со Ебола, кој неодамна го одзеде животот на над 11 000 луѓе во Западна Африка, вирусот Зика изгледа безопасен.
Според последните медиумски публикации, туристи го пренеле вирусот и во Европа. Сепак Зика не се шири во големи размери. Според информации на агенција ДПА, во Германија се регистрирани десет случаи на вирусот од 2013 година наваму. Во Италија има четири случаи во Велика Британија се три, а во Шпанија – два.
Бидејќи сеуште нема меѓународни стандарди за регистрирање на вирусот, е можно и бројот на заразените Европејци со Зика да е поголем, без самите да го знаат за тоа. Американскиот Центар за контрола и превенција на болестите пишува дека само кај еден од секој петти заразен со вирусот се развива и болест.
Опасни вродени дефекти
Секако, ова не значи дека вирусот е целосно безопасен. Зика може да се пренесува од бремената жена на бебето во нејзината утроба и може да предизвика вродени дефекти како микроцефалија. Тоа е болест, при што детето се раѓа со многу мали димензии на черепот и мозокот. Во Бразил, каде што се претпоставува дека бројот на заразените со вирусот е околу еден милион, веќе се родиле 4 000 бебиња со микроцефалија.
“Поврзаност меѓу вирусот Зика и микроцефалијата не е докажана стопороцентно, но е многу веројатна”, вели Јонас Шмит-Ханазит. Сеуште не е познато како точно се пренесува вирусот од мајката на плодот. Се претпоставува дека новороденчето може да се зарази со вирусот преку мајчиното млеко.
Поради актуелната ситуација здравствените власти во некои земји од Јужна Америка им препорачуваат на жените да не забременуваат до 2018 година. А треба ли да се плашат Европејките, кои биле пред неколку месеци во Бразил и сега сметаат дека се бремени? “Тие нема од што да се плашат. Вирусот не живее долго во човечкото тело”, тврди вирусологија Јонас Шмит-Ханазит.

