Во Македонија има новинари кои немаат медиуми и медиуми кои немаат новинари- тоа и сликата денес за медиумските работи , со тие зборови денеска ја отвори конференцијата на ССНМ новинарот Драган Антоновски . Тој на почетокот истакна и дека медиумите се најважната алка во општесството, и веројатно само поради тоа запнаа преговорите токму тука.
„Да не бевме важни посочи Антоновски, немаше да се согласат на се: и на оставки и на менување на Изборен законик, тргање министри, тргање на премиерот, ДИК- се прифатија само запнаа за медиумите. Значи со нив се владеело затоа мораме отворено, јасно и без страв да зборуваме за правата за стандардите и медиумските работи“ истакна Антоновски
Без решавање прво на професионалните и работните права на новинарите нема независно, објективно и професионално новинарство, оценија речиси сите учесниците на денешната конференција „За медиумските работи“ во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).Претседателот на ССНМ, Тамара Чаусидис, меѓу другото, истакна дека работните и професионални права на новинарите се штитат само со синдикално организирање со колективен договор.
Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на отворањето на конференцијата порача дека подобри работни услови значат посреќни работници, а позадоволни вработени даваат и поголем квалитет и повеќе квантитет. – Подобар квалитет на медиумите значи подобра информираност и поголем диверзитет на мислења, а тоа се разбира е клучот за силна демократија – рече Гарет. Нашите почетоци во синдикланата борба се стари, но вие сега ја градите вашата борба , и ЕУ и ние сме загрижена за вкавите состојби со работнички права
Претседателот на Европската федерација на новинари, Могенс Блишер Бјерегард го истакна значењето на една ваква конференција и порача дека слободните медиуми, односно можноста да се работи слободно и независно се појдовна точка за создавање слободна и независна демократија. Одговорот на прашањето зошто е важно да се биде член на синдикат, продолжи Бјерегард е едноставен. – Бидејќи само заедно и со солидарност можеме да ги заштитиме нашите права. Не само за вас во Македонија, туку и за сите нас во Европа – нагласи Бјерегард.
На конференцијата учествуваше и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски, која изрази поддршка на сите медиумски работници во нивната битка за застапување на работничките права и колективното договарање, нагласувајќи го прашањето за синдикалниот плурализам во Македонија и неговата регулираност со закон. Таа најави дека ќе го менува концептот и пристапот досега, кој е демек мнозински, со помош на власта и тоа бил тој е вистински синдикализам . Мора да има плурализам а не козметичко шминкање и встински синдикат а тоа е само тој, кој е страна на работниците , во случајов каков што е ССНМ на страната на новинарите и медиумските работници.

Претставникот на Министерството за информатичко општество Димитар Буковалов ги изнесе политиките и мерките на Министерството кои се однесуваат на подобрување на условите за работата на новинарите и слободата на медиумите со цел обезбедување високо квалитетно и професионално новинарство, а во насока на надминување на забелешките добиени од страна на ЕУ. Мерките, нагласи Буковалов, се однесуваат на тоа дека од јавен интерес е постоење слободни и транспарентни медиуми, постоење меѓународно усогласена медиумска легислатива и развиена медиумска и политичка клима, адекватни договори за работа на новинарите со доволна социјална заштита за обезбедување непристрасност и независност во работењето, обуки и едукација, како и етички кодекс за работа и гарантирање на нивната безбедност, со цел да придонесат за развојот на демократските процеси во земјата.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикати на новинари од регионот. Јасмина Поповиќ од Синдикатот на новинари на Хрватска порача до сите новинари во регионот дека мора да бидат свесни дека работодавците и политичарите се свесни за нивните слабости и играат на карта на заплашување и закани, но дека и досегашната работа покажува дека секој отпор предизвикува почит од друга страна. Морате да бидете силни и органзизирани , и само така со силно членство и силен личен интегритет ќе дојдете до победа. Колективните договори ги направивте, имате многу голем влог и силно лидерство, само треба да ги следите насоките и до колку ви е потребна помош од колегите во регионот, со целтото наше искуство, ние сме тука да ви помогнеме
Дејан Глигоровиќ од Синдикатот на новинари на Србија нагласи дека социјалните мрежи и цивилното новинарство на некој начин ја ставаат под знак прашалник новинарската професија, како и дека цивилното новинарство не може да ги замени сите начела поставени од новинарската професија. Тој смета дека медиумите со квалитетни и проверени информации полека ја губат битката со брзото и непроверено примање информации од социјалните мрежи без многу проверување. НА конференцијата учествуваа бројни новинари до Македонија како и студенти од новинарските факултети кои не пропуштија да полемизираат со новинарските имиња од Македонија и регионот.
Конференцијата е дел од проектот „Работнички права на медиумските работници“, поддржан од британската амбасада во Скопје.