За Меси, Винисиус не е најдобар на светот – еве како гласаше Аргентинецот

од Nikola Popovski
257 прегледи

Откако Винисиус Џуниор беше прогласен за играч на годината на церемонијата на „FIFA The Best“ во Доха, објавени се гласовите на капитенот на Аргентина, Лионел Меси.

Меси, кој како капитен на аргентинската репрезентација има право на глас, не го стави Винисиус на прво место.

Фудбалерот на Интер Мајами својот глас за најдобар играч на годината го даде на младиот талент на Барселона Ламин Јамал, а на второто место го стави Килијан Мбапе, напаѓачот на Реал Мадрид. Тој го избра Винисиус за трет најдобар играч на годината.

По освојувањето на престижната награда во изминатите две години, овој пат Меси ја препушти сцената на новата генерација фудбалери. Аргентинецот вкупно доби 25 бодови, дури 23 помалку од победникот.

Слични содржини