Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска порача дека критиките од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп се „само потврда за она што подолго време го зборува ВМРО-ДПМНЕ, за партизирано и опструирано судство“.
-Очигледно дека кога ќе дојде ваков укор од влијаетелен претставник на меѓународната заедница, тоа се сфаќа поинаку. Амбасадорот на Холандија го повтори тоа што ние го зборуваме години наназад-дека не владее правото, дека имаме партизирано судство, дека се вршат притисоци врз суди. Ова е само потврда дека тоа што се случува нешто повеќе од 6 години, ја врати години наназад Македонија и ќе биде потребно време за да ја вратиме државата во нормален колосек, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Холандскиот амбасадор Коп на средба со Ахмети посочи дека посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото. Министерот Бујар Османи, пак, за оваа критика денес изјави дека со холандскиот амбасадор има концептуални разлики.