Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека „не е крај на светот“ најавата дека две американски комании од автомобилската индустрија „Аптив“ и „Дура Аутомотив Системс“, ги затвораат фабриките во Македонија.
„Ќе има компании, и домашни и странски, што ќе се отвораат, ќе има компании што ќе се затвораат и тоа не треба да се сфаќа како нешто што претставува крај на светот“, изјави Мицкоски при посетата на фабриката „Костал“ во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони – Охрид.
Додаде дека веќе се во преговори, па очекува до крајот на годината четири или пет нови компании да потпишат договор со Владата. Очекува и повеќе од 1.000 работни места кои би се креирале.
Американските компании „Аптив“ и „Дура“, кои неколку години активно работат во ТИРЗ-зоната „Бунарџик“ во Скопје, се подготвуваат да го напуштат македонскиот пазар.