За “Мосад” нема крај на светот, нивни агенти среде Софија ликвидираа Палестинец од “НФОП”!?

од desk3
76 прегледи

Омар Наиф Зајед, лидер на групата “Народен фронт за ослободување на Палестина” (НФОП), е убиен во Софија од агенти на Мосад, тврди “Палестинскиот информативен центар”, кој е организација на Хамас, цитиран од newsru.co.il.

0000294343-article

Телото на Омар Наиф Хасан Зајед беше пронајдено утрово во дворот на амбасадата на Палестина во Софија. Дипломатски претставник од Амбасадата на Државата Палестина во Бугарија пријавил до бугарските органи за починато лице како резултат на насилство.

Според првичните информации, на телото на Омар Зајед нема прострелни рани и тој најверојатно починал по пад од висок кат.

Според податоците на Палестинскиот информативен центар Омар Зајед продолжил да ги координира активностите на активистите на “Народниот фронт за ослободување на Палестина”, вклучувајќи и во странство, додека и живеел во Бугарија.

Брисел: Одлуката за погранична служба на ЕУ е одложена за јули

Во средината на декември минатата година на бугарските власти им било сипорачано барање од Израел да се предаде Омар Наиф Хасан Зајед кој живеел во Бугарија од 22 години, за доизлежување на пресуда “доживотен затвор”. Зајед сепак не бил откриен од бугарските органи, а веројатно се криел во амбасадата на Палестина.

 

Во јануари претставникот на Палестина во Бугарија Ахмад ал Мазбух ја предупредил бугарската влада дека екстрадиција на Зајед би била опасен преседан. Според него Израел го барал согласно правилата за екстрадиција на кривичните криминалци, но всушност “Зајед е баран од политички причини”, пишува newsru.co.il.

palestinac
Бугарската влада одговорила на барањето од страна на амбасадорот на Палестина, дека тие не можат да се мешаат во судските прашања, бидејќи правниот систем на Бугарија е независен и се раководи исклучиво од законите, пишува newsru.co.il

Како што Dnes.bg напиша Зајед бил осуден за тоа дека на 15 ноември 1986 година во соучество со други две лица го убил Елијаху Амеди. Во 1990 година тој успеал да избега од затворот Ајалон, откако бил хоспитализиран во болница во Витлеем.

Палестинец имал издадено дозвола за престој во Бугарија и му била дадена карта на странец на 15 ноември 2012 година

Израел ги исполнил барањата за испраќање на официјалната молба за екстрадиција и останатите документи на Европската конвенција за екстрадиција, поради што се исполнети условите за притвор на Омар Зајед.

Властите на Израел дале гаранции на бугарските судски власти дека ако Зајед биде екстрадиран, нема да биде предмет на насилство, тортура или сурово, нехумано или понижувачко казнување.

Правата на Зајед во врска со кривичната постапка, предводена против него, и извршувањето на изречената казна, беа гарантирани во согласност со барањата на меѓународното право.