За неисчистените улици со снег, градоначалниците ќе бидат казнети на изборите, смета Ангелов

од Nikola Popovski
290 прегледи

„За неичистените улици со снег, градоначалниците ќе биде казнети од граѓаните на следните избори. Според мене, политичката одговорност е поефикасна од другата одговорност“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на прашањето кој ќе ги казни градоначалниците, доколку некој граѓанин се лизне и повреди поради неисчистените улици.

Тој истакна дека „ние сме држава, стоиме на располагање за луѓето и од отсечените планински села, па доколку е потребно и со употреба на хеликоптери“.

Поради ниските температури, голомразица и остатоци од кашест снег, сообраќајот низ патиштата во државата утринава се одвива отежнато. Целосна забрана за сите видови мотрони возила има на патот меѓу селата Ранковце и Герман, а за неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни возила, информираа од Авто-мото сојузот на Македонија утринава.

Од 09:10 часот утрово укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен, преку планинскиот премин Ѓавато, од 09:30 часот, исто така, укината е и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир. Останува забраната за тешки товарни возила во правец од Дебар кон Струга, а во спротивната насока, укината е забраната.

Поради остатоци од снег на коловозот, забрани за тешки товарни возила има на патниот правец: Прилеп–Кавадарци, преку Плетвар, на патот Тетово–Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси, крак Маврово–Дебар  забраната за сообраќај е за тешки товарни возила со приколка. 

Слични содржини