231
Предлози за издавање на казнени налози против вкупно девет лица за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, поднесе Основното јавно обвинителство од Скопје.
Според денешните информации од Јавното обвинителство, обвинетите во разни кривично правни настани, во периодот од
10-14 март не го почитувале полицискиот час, па за време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест се движеле на различни локации во градот.
Надлежните јавни обвинители, стои во соопштението, за сите обвинети предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.