410
Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски купува Ауди А8 вредно 1.650.000 денари (околу 27.000 евра) без вклучен ДДВ за потребите на Општината, покажуваат документи до кои дојде „Локално“.
Додека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски секојдневно излегува со тврдења дека државата пропаѓа, граѓаните едвај врзуваат крај со крај и дека сме на работ на сиромаштија, градоначалникот на Петровец, инаку кадар на ВМРО-ДПМНЕ, решил да го поднови возниот парк.
Носител на набавката е Друштвото за трговија и услуги „ПП Сервис Ауто ДООЕЛ с. Ржаничино, со управител Даниел Симонвски“.
Договор за јавна набавка, оглас број 04669-2022 – Петровец Ауди А8