Во Македонија од коронавирус заклучно со денес починаа 1345 лица, соопштија од Министерството за здравство.
Денеска починаа 40 пациенти, што е рекорд на дневна основа во земјава.
Како што информира МЗ, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84), двајца од Куманово (77 и 77), тројца од Штип (70, 62 и 80), пет од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64), еден пациент од Тетово (55г), двајца од Струга (56 и 60), тројца од Велес (70, 51 и 89), тројца од Битола (69, 69 и 71), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78), тројца од Гостивар (71, 65 и 81), еден пациент од Дојран (ПЕ Гевгелија -56г), еден од Струмица (84), еден од Крушево (76), еден од Свети Николе (68) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81).
Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Во изминативе 8 дена починаа вкупно 209 пациенти од коронавирус во земјава.