За пет години 25.000 лица се откажале од косовското државјанство, додека само во 2022 година тој број изнесува 4.708, пренесува Економија онлајн.
Според податоците на тамошното Министерство за внатрешни работи, од 1 јануари до 19 декември 2022 година, бројот на оние кои се откажале од косовското државјанство изнесува 4.708, што е помалку отколку во истиот период од 2021 година, кога 4.787 државјани на Косово се откажале од државјанството.
– Од нив 2.346 мажи и 2.362 жени – изјавила портпаролката на косовското Министерство за внатрешни работи Нора Фетоши, пренесува Косово онлајн.
Фетоши вели дека главните причини поради кои граѓаните се откажуваат од државјанството е пред се тоа што многу земји од Европската унија не дозволуваат двојно државјанство, вклучително и некои земји кои не се дел од ЕУ.
– Со оглед на тоа што голем број косовски граѓани со години живеат во земјите на ЕУ, а голем број се родени во тие земји и со тоа автоматски се стекнале со право на стекнување државјанство, тие се должни да се откажат од претходното државјанство доколку сакаат да стекнат државјанството на таа земја – рече таа.
Таа додава дека во текот на 2022 година голем број граѓани добиле државјанство на Косово.
– Во 2022 година 574 лица се стекнале со државјанство – нагласила Фетоши.