Од исплатата на патарина во првите пет месеци од годинава се наплатени 1.454.587.856 денари (23.651.835 евра), што во однос на истиот период од 2023 година претставува зголемување или повеќе на остварениот приход за 132.635.906 денари (2.156.681 евра).
Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информираат дека „трендот на зголемени приходи остварени во 2024 година е константен, со пораст од 10,2 отсто за периодот јануари-мај годинава“
Износот на платената патна такса е различен и се движи од 155.827.545 денари на Романовце до 53.038.529 денари на Демир Капија.
ЈПДП минатата година ја заврши со рекорден приход од патарини во износ од 62 милиони евра, за 100 проценти повеќе споредено со 2020 година кога наплатата изнесуваше 34 милиони евра. Во 2021 година по тој основ беа инаксирани 46 милиони евра, а во 2022 година 53 милиони евра.
Вкупните приходи на ЈПДП од наплата на патарина за 2024 година се проектирани на износ од 4.400.000.000 денари.
Податоците на ЈПДП покажуваат дека системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија, што е оперативен од крајот на јуни лани, досега има 1864 корисници.
-Еден таг во двете држави го користат преку 1800 иматели на тагови или поточно 1864 корисници. Во периодот откако започна функционалната операбилност, секојдневно се користи и над 21 милион денари се наплатени од користење на српски тагови во Македонија, велат од ЈПДП.