Поради големиот број починати од коронавирусот, зголемен е притисокот врз гробиштата и погребалните претпријатија, па погребите се чекаат неколку дена во речиси сите поголеми градови, а погребалните услуги се поскапи доколку починатиот бил заразен со корона, објави денеска Хрватската радиотелевизија (ХРТ).
Дневно се кремираат по 45 починати лица, а уште 120 чекаат достоен погреб, но проблемот е што градските гробишта немаат доволно персонал во вакви вонредни ситуации, па за погреб се чека и до седум дена.
-Секојдневно додаваме термини во крематориумот, па дури и до четири и пол и пет часот. Се трудиме на сите други гробишта да вклучиме рани утрински термини, а веќе шеста сабота по ред се работи на сите гробишта, изјави управителот на Градските гробишта во Загреб, Роко Груја.
Семејствата на починатите од корона треба да одвојат повеќе пари за погребални услуги, бидејќи е потребен лимен ковчег кој чини од 200 до речиси 300 евра.
Фото: Tomislav Miletic/PIXSELL