За помалку од еден ден кампањата на Камала Харис собра речиси 50 милиони долари

од Илинка Илиоска
51 прегледи

Потпретседателката на САД, Камала Харис, собра 49,6 милиони долари за својата претседателска кампања за помалку од 24 часа откога американскиот претседател Џо Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка и ја поддржа како претседателски кандидат, изјави портпаролот на кампањата на Бајден.

„Откога претседателот вчера попладне ја поддржа потпретседателката Харис, Американците дадоа донации од 49,6 милиони долари за нејзината кампања“, рече портпаролот, според „Ројтерс“.

„Ројтерс“ претходно објави дека името на кампањата за реизбор на претседателот Џозеф Бајден на платформата X е променето од Бајден во Камала, што е уште еден знак дека тимот на демократската кампања продолжува да работи со Камала Харис како кандидат на партијата во ноемвриските претседателски избори.

Слични содржини