Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе биде поднесена кривична пријава против 17-годишниот Л.Ш. од Скопје, осомничен дека го предизвикал пожарот во скопското село Долна Матка од 3 август.

Тој ден околу 13.46 часот, во Единицата за известување и команда во СВР Скопје телефонски било пријавено дека во село Долна Матка во близина на кајак-клубот, односно шумата спроти реката Треска е зафатена од пожар кој се ширел со голема брзина.
– По преземените оперативни мерки и активности дојдено е до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Л.Ш. (17) од Скопје за што од страна на СВР Скопје, по комплетирање на целосната документација, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 227 од КЗ на РМ, соопшти МВР.