По повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година, Владата заклучи Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година да го предводи Оливер Спасовски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, а во одборот да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата.
Оваа година делегација на Владата на Република Северна Македонија по повод прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Скопје ќe ја предводи претседателот на Владата, прославата во Крушево ќе ја предводи претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, а прославата на националниот празник Илинден 2020 година во Пелинце ќе ја предводи и ќе се обрати претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Во врска со организацијата и прославата на државните празници, Владата го задолжи Министерство за здравство, преку Комисијата за заразни болести да обезбеди протокол за организација на државните настани во време на пандемија.
Oваа одлука беше донесена на 76 седница.