Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека ќе ги извести сите соодветни меѓународни институции, меѓу кои и Енергетската заедница за континуираните притисоци со кои се соочува во последниот период повторно од страна на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ, пишува во соопштението што РКЕ го испрати до медиумте.
Од РКЕ потенцираат дека со оглед на фактот дека ова поведение на г-динот Мицкоски се повторува преку фокусирани и манипулативни секојдневни изјави и етикетирање на работата на стручните високопрофесионални служби во РКЕ под водство на Марко Бислимоски, приморани сме поради заштита на интегритетот и угледот за оваа состојба да ги информираме меѓународните институции.
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) поради професионалноста, стручноста – трета година по ред е рангирана за број еден регулатор во регионот од страна на Енергетска Заедница, пишува во соопштението на РКЕ.