За прв пат од сезоната 2004/2005, Меси и Роналдо ќе недостасуваат во четвртфиналето на ЛШ

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Фудбалерите на Барселона вечерва беа елиминирани од Лигата на шампионите, откако одиграа нерешено (1:1) против ПСЖ во реваншот од осминафиналето.

Барса беше поразена со 4:1 на првиот натпревар и не успеа да го надополни заостанувањето.

Ова значи дека Лионел Меси го заврши учеството во Лигата на шампионите оваа сезона, исто како и Кристијано Роналдо – неговиот Јувентус синоќа го совлада Порто со 3:2, но не отиде понатаму, бидејќи португалскиот тим постигна повеќе голови на гости.

И тука доаѓаме до еден интересен факт – за прв пат од сезоната 2004/2005, нема да ги гледаме Меси и Роналдо во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Оттогаш тие се редовни учесници во завшницата, а и двајцата имаат освоено по неколку трофеи …