
Документот “За стратегијата за национална безбедност на Руската Федерација” беше потпишан од претседателот на земјата Владимир Путин во пресрет на Нова Година. Тој ја заменува верзијата од 2009 година, одобрена од претходниот претседател Дмитриј Медведев, во која не се споменуваше ниту САД, ниту НАТО.“Зајакнувањето на Русија се случува во услови на нови закани за националната безбедност, која има комплексен и меѓусебен карактер”, се вели во документот.