Европската комисија одлучи да го преземе првиот од трите чекори во постапката против Полска за одземање на правото на глас на Варшава во Советот на ЕУ поради можни прекршувања на принципот на владеењето на правото. Ова го соопшти на прес-конференција заменик-претседателот на комисијата Франс Тимерманс.
Тој прецизира дека ЕК не е заинтересирана за внатрешно прашања во Полска, туку е загрижена од преземените неодамна законски измени поврзани со управувањето на јавните медиуми и со Уставниот суд. Тимерманс изјави дека е подготвен во секое време да патува до Варшава за преговори со полските власти.
Промените во медиумската област влијаат на независноста на медиумите; нема демократија, кога не се заштитени основните права и без слобода на медиумите, коментира Тимерманс. Штотуку потпишав писмо со кое ги повикувам полските власти да започнат дијалог. Целиме да работиме во духот на соработка со земјите од ЕУ, стремиме да ги решиме проблемите, а не да се доведат во спорови, коментира тој.
Полскиот премиер Беата Шидло ја повика опозицијата да се соочи во единствен фронт со Владата против, според зборовите нејзини, клеветење на земјата во странство, пренесе Франс прес.
“Полска е неправедно обвинувана за работи кои не постојат во нашата земја дека ги крши принципите на правната држава. Тоа не е вистина. Демократијата во Полска е во добра состојба”, рече Шидло пред парламентот, претставувајќи ја позицијата на Варшава пред дебатите во Европскиот парламент во Стразбур на 19 јануари, во кои таа ќе учествува.
“Денес мора да ги заборавиме споровите, да се обединиме и да разговараме за тоа како да ја стабилизираме меѓународната положба. Благодарам на водачите на парламентарни групи, дека сакаа да зборуваат во еден глас за основните прашања”, рече Шидло.
Од самото постоење на ЕУ ова е прв пат да биде започнат механизмот на одземање на гласот на една земја членка на унијата.
