За првпат изречена доживотна затворска казна во Прилеп: Ги убил сопругата и нејзината мајка

од Nikola Popovski
327 прегледи

Судот во Прилеп, за првпат во својата практика изрече доживотна затворска казна за 52-годишниот Н.П, за убиство лани во јануари, кога уби две лица, а тешко рани едно лице. Семејната трагедија се случи на 11 јануари лани, кога Н.П. во семејната куќа на семејството на поранешната сопруга ги убил неа и нејзината мајка, а тешко го повредил братот на поранешната сопруга. Трагедијата се случила пред очите на 10-годишниот син.

Осудениот имал подолг период нарушени односи со сопругата. Тоа било причина што таа го напуштила и се вратила кај своите родители. Кобниот ден братот на сопругата, тукушто вратен со семејството од САД, се подготвувал за крштевка на синот.

Портпарол на Основниот суд во Прилеп Жарко Велески изјави дека пресудата донесена вчера е за сторени четири кривични дела: едно за убиство, две за обид за убиство и за семејно насилство. Со психијатриско вештачење, судот утврдил дека овој прилепчанец бил пресметлив кога ги извршувал тешките кривични дела, а судот ги зел предвид отежнувачките околности за извршување на овие дела.

 

Слични содржини