426
Неколку плажи во украинскиот црноморски град Одеса се официјално отворени за капачи за првпат по избувнувањето на конфликтот со Русија, но не е дозволено пливање за време на тревога за воздушен напад, соопштија денеска локалните власти.
Одеса, најголемото пристаниште и поморска база во Украина, постојано беше цел на руски напади со ракети и беспилотни летала, а во морето се поставени и голем број подводни мини, пренесува „Ројтерс“.
Заради безбедност на локалното население, а по инцидентите со експлозии на мини на плажите, крајбрежјето беше затворено за јавноста.